Победа ќе стои на новиот лист во репрезентацијата на Македонија откако „црвено жолтите“, синоќа, со 25-21 го совладаа Чиле, во првата од двете тест средби. Македонските ракометари го контролираа резултатот од почетокот до крајот, со мали подеми и падови во играта.
Селектор Данило Брестовац смета дека тоа е поради слабата минутажа и немањето континуитет на дел од играчите во клубовите. Исто така додаде дека сега е процес на формирање на нова репрезентација, која ќе мора брзо да созрее, затоа што не смее да се дозволи ново отсуство од големите собири.
Мора да се научат да играт зрело, паметно, да се научат на ротации,оваа генерација сакаме или не сакаме да признаеме мора брзо да расте, не можеме да ги чекаме долго време, бидејќи имаме големо растојание меѓу генерациите што не можеме да го покриеме. Затоа инсистирам на вакви собири, можеби за дел од играчите е напорно разбирам,ама за некои не разбирам. Мора да сме почесто заедно и да видиме кој со кого ќе може да соработува, да се воигруваме. Сите се на некој тест, мора да создадеме група што би била компатибилна и може да игра на вакви натпревари. – изјави селекторот, а пренесува „24ракомет“.
Македонија е прва резерва за претстојното Светско првенство во Египет и селектор рече дека репрезентацијата е подготвена за евентуален повик „5 до 12“.
OhridNews
Македонија го совлада Чиле за успешен почеток на Новата 2021 година