Македонските ракометари ќе бидат дел од мечевите во главната фаза на Светското првенство во Египет. Избраниците на Данило Брестовац билетот го чекираа со триумф во директната пресметка со Чиле, во третата рунда од групата.
Сакам да им честитам на ракометарите за добрата партија и за победата. Средбите од Шведска и Египет, кои ги изгубивме беа добра подготовка за денешниот дуел. Се дојде на свое место кога почнавме да играме без грешка во одбраната. Тука лежи клучот за победата. – изјави селекторот Брестовац.
Македонија мечевите во главната фаза ќе ги започне против Словенија (20 јануари), а потоа следуваат натпреварите со Русија (22 јануари) односно Белорусија (24 јануари). „Црвено жолтите“ немат да пренесат бодови.
OhridNews
Голманскиот тандем нерешлива енигма за Чиле, Македонија со последниот воз во главната фаза