Селекцијата на Русија без поголеми проблеми ја совлада Македонија со 32-20, во втората рунда од главната фаза на Мундијалото во Египет. „Црвено жолтите“ одиграа под нивото и во ниту еден момент не успеаја да поведат или да изедначат на натпреварот.

Многу лошо го отворивме натпреварот, а имавме уште полош пристап. Истите грешки ги повторуваме петти пат на Мундијалот. Во Египет ојдовме да учиме, зацртувајќи да влеземе во втората фаза, што успеавме. Но нешто што сериозно ме загрижува е пристапот, кој мора да биде посериозен на следните натпревари. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Македонија последна шанса за добра партија ќе в недела (24 јануари) во дуелот со Белорусија.

OhridNews

 

Нов пораз на Македонија