Еден ден после убедливиот триумф во „езерското“ дерби и задржување на максималниот ефект на стартот од сезоната во Супер лигата за охридскиот клуб наместо награда стигна „шамар“ од селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац.

Селекторот Брестовац го објави поширокиот список со 35 ракометари пред стартот на квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка за две години на кој нема ниту еден ракометар од Охрид.

„Гладијаторите“, минатата сезона прикажаа одлични резултати и игра, а тој тренд продолжи и годинава. Охриѓани се помеѓу најдобрите екипи резултатски, а улогата на носител во една од двете групи во Супер лига доволно говори за квалитетот.

Се прашуваме, дали Охрид не заслужи ниту еден ракометар на поширокиот список и што треба да направи охридскиот состав да добие еден свој претставник во националниот дрес.

Македонија првиот квалификациски натпревар го игра на 4 ноември со Финска од 20:00 часот во Скопје, додека во вториот ќе гостува кај Швајцарија во гратчето Цуг на 7 ноември од 18:30 часот.

Списокот:

Списокот со повикани ракометари.

 

OhridNews