Селекторот Данило Брестовац го објави скратениот список со кој македонската ракометна селекција ќе ги започне мечевите во квалификациите за пласман на Европското првенство.
На скратениот список се наоѓаат вкупно 19 ракометари и недостасуваат две стандардни имиња во репрезентацијата. Тоа се голманот Борко Ристовски и Гоце Георгиески.
Ова е прв список на кој сметам, а ако дојдат откази, ќе пополниме со други играчи. Ја чекаме ситуацијата со странците, се наоѓаме во специфична ситуација поради коронавирусот и сме во исчекување. Засега, најавите се дека сите ќе дојдат, ама со вирусов не може да си на чисто. Ова е скратен список даден пред неколку денови. Сега, ако ни дојдат тие несакани откази, ќе имаме нови ракометари во тимот. Многу ќе зависиме од короната. Важно ми е да дојдат сите што се повикани, а ако некој не може, тогаш ќе мора да пополнуваме со домашните играчи. – изјави Брестовац.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 4 ноември против репрезентацијата на Финска, три дена подоцна е дуелот со Швајцарија.
Списокот:
OhridNews