Селекторот на македонска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го направи последниот рез во ростерот за дуелот со Исланд кој ќе се одигра на 10 април во Рејкавик.

Од списокот на Брестовац отпаднаа голманот Мартин Томовски, бековите Мартин Манасков и Мартин Серафимов и крилот Димитар Димитриоски.

За Рејкавик ќе патуваат голманите Митревски и Ристовски, крилата Поповски, Георгиевски, Манасков и Маџовски, дефанзивците Кукоски и Маркоски, како и бековите Лазаров, Јагуриновски, Талески, Кузмановски, Танкоски, и пивотмените Стоилов, Пешевски и Маркоски.

Натпреварот се игра в среда со почеток во 21 часот и 45 минути.

OhridNews