Денес ќе отпатува, а, утре против Шведска во 20:30 часот, македонската селекција ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство во Египет. Селекторот на Македонија, Данило Брестовац, пред дуелот со „викинзите“ изјави дека нема време за анализа на противникот, туку само фокус нашата игра и тактика.

Ние малку се хендикепирани, бидејќи денешниот ден ќе го изгубиме во патувања и карантини, а дури утре ќе се стабилизираме. Немаме време за тренинг и анализа, затоа ќе се фокусираме само на нашата селекција. Можеме да се носиме со Шведска, која има проблем со откажувања, повреди и ковид позитивни случаи. – изјави селекторот.

На Шведска ќе и недостигаат девет стандардни првотимци, но „викинзите“ никогаш не смеат да се потценат, бидејќи се работи за квалитетна и искусна репрезентација.

Македонија во втората рунда ќе се сретне со домаќинот Египет, а мечеивите во групата ќе ги заврши со Чиле.

OhridNews