Македонската ракометна репрезентација, денеска, со почеток во 17:30 часот, ќе го одигра вториот контролен натпревар со селекцијата на Чиле.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац се одлучи да направи неколку промени во репрезентацијата во пресрет на вториот натпревар. Од селекцијата отпаѓаат Кирил Лазаров кој воопшто не влезе во игра во првиот натпревар, Столе Стоилов кој доби дополнителен повик и средниот бек Марио Танковски. Шанса на голот од македонската селекција ќе добие охридскиот голман Никола Даниловски, а не се знае кој голман ќе паузира. Покрај Даниловски, вечерва, ќе игра и Никола Марковски.

Во првиот тест натпревар Македонија славеше со 25-21.

OhridNews