Македонската ракометна репрезентација со убедлив триумф против селекцијата на Финска (33-24) ги отвори квалификациите за континенталниот собир кој ќе се одржи за две години. Селекторот на Македонија Данило Брестовац беше задоволен после натпреварот изјавуваќи дека целта и мисијата се исполнети.

Од она што можев да го видам на теренот можам да кажам дека сум задоволен. Натпреварот и резултатот се одвиваше како што посакувавме. Уште во првиот дел го скршивме противникот, имавме простор за ротација и за одмор на главните ракометари. Простор за напредок секогаш постои, но мора да имаме во обзир дека имавме преголема пауза и ова за нас беше прв натпревар после девет месеци. Исто така атмосферата беше стресна поради позитивните случаи на ковид -19, но го пребродивме и тоа. – изјави селекторот.

„Црвено жолтите“ на гостувањето во Швајцарија ќе ја имаат првата меч топка за осигурување на пласманот на една од двете позиции на табелата во групата која води на ЕП.

Важен натпревар за нас кој може широко да ни ги отвори вратите за ЕП. Немаме многу време, но добро ќе се подготвиме и ќе атакуваме на позитивен резултат. – додаде Брестовац.

Швајцарија и Данска мечот од првата рунда во квалификациите го играат денеска, а селекторот најави дека македонската ракометна репрезентација заедно ќе го проследи натпреварот.

OhridNews

 

„Црвено жолтите“ ја средија Финска за успешен старт на квалификациите за ЕП