Аргентинскиот стручњак Маурицио Почетино ја извојува првата победа како менаџер на Пари Сент Жермен откако неговите избраници со 3-0 го совладаа тимот на Брест, во 19-та рунда од француската Прва лига.
„Светците“ отпорот на гостите на „Паркот на Принцовите“ го скршија во 16-та минута со погодокот на Моисе Кин. Тој резултат беше активен до 81-та минута кога повратникот во екипата Мауро Икарди зголеми на 2-0. Две минути подоцна Пабло Сарабија реализираше за конечни 3-0.
ПСЖ се доближи на еден бод од лидеерот на табелата Лион, кој синоќа ремизираше 2-2 на гостувањето кај Рен. Третопласиран е Лил, а топ 4 го комплетира Монако.
OhridNews