Марио Балотели ќе ја напушти Бреша. Првиот човек на клубот Масимо Челино неколку пати изминатите денови го потврди ова, а доколу Балотели не можеше да ја разбере одлуката сигурно дека по она што му се случи денес му стана јасно дека не е пожелен во тимот.

Балотели неколку пати ја прекршил клупската дисциплина, Челино повторуваше дека е разочаран од неговото однесување, а медиумите во саботата објавија дека клубот го раскинал договорот со напаѓачот, иако од Бреша нема потврдата дека Балотели повеќе не е нивни фудбалер.

Она што клубот не може да го негира е дека обезбедувањето утрово не го пуштило да влезе во тренинг-центарот „Торболе Касаља“.

Балотели се појавил пред портите на тренинг-центарот 20 минути порано, а потоа остана шокиран кога од обезбедувањето му рекле дека не може да влезе. Револтираниот Балотели додека заминувал им рекол на новинарите. „Сега напишете дека не сакам да тренирам“.

OhridNews