Угостителскиот бренд „Queen’s“ понудата ја збогати со еспресо бар, кој вчера официјално започна со работа во трговскиот центар на „Кам“ на ул. „7-ми Ноември“.
„Queen’s Espresso bar“ е пријатно место каде со уживање ќе го пиете вашето утринско или попладневно кафе, ќе вкусите сендвич или пак десерт со препознатлив квалитет од внимателно подготвеното мени.
„Queen’s Espresso bar“ е модерено уреден, со интересни детаљи кои го надополнуваат амбиентот.
Еспресо барот е втор угостителски локал од брендот „Queen’s“, по лаунџ барот на булеварот „Македонски Просветители“ кој е едно од омилените катчиња на охриѓани.
OhridNews