Најдобриот дефанзивец во Серија А, Бразилецот Глејсон Бремер, ќе прејде од Торино во редовите на градскиот ривал Јувентус за сума од 40 милиони евра плус седум милиони евра во бонуси во зависност од постигнатите резултати.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ги договорил условите за трансферот со Торино и преостанува Бремер да ги мине задолжителните медицински прегледи.
Претходно, најблиску до потписот на бразилскиот дефанзивец Бремер беше Интер, но во трката се вклучи Јувентус, кој обезбеди многу пари со продажбата на Матијас де Лихт, инкасирајќи 80 милиони евра од неговиот трансфер во Баерн Минхен.
OhridNews