Откривањето на бременоста на Бијонсе на доделувањето на музичките награди поттикнало дури 8868 коментари на Твитер во секунда, што претставува рекорд на оваа друштвена мрежа. Веста за бременоста на популарната пејачка ги воодушевила фановите ширум светот.


Раководителите на Твитер објасниле дека со тоа бил соборен рекордот на таа друштвена мрежа, кој претходно изнесувал 7196 „твитови“ во секунда, а бил поставен за време на финалето на светското првенство во фудбал за жени, кога американската репрезентација изгубила на пенали.