Една жителка на Ирак која има 40 години ги оставила лекарите во чудење. Мајката на седум деца повторно била бремена и тоа со 13 деца. Бидејќи во последниве пет години не можела да остане бремена, нејзиниот сопруг се оженил со уште една сопруга, но сопругот рекол дека сега бил премногу возбуден поради бременоста на својата прва сопруга.

Лекарите од болницата направиле ултразвук и ја потврдиле приказната за тринаесетте фетуси. Лекарот Микдам Ал Џабури од болницата Такреет рекол дека првите наоди покажале дека четири фетуси немаат пулс, но останатите се чини биле во добра состојба. Мајката исто така била добро, а овој бил еден од најретките случаи на бременост во историјата. Се очекува уште неколку фетуси да умрат за време на бременоста, а оние кои ќе бидат родени ќе бидат многу мали.