Центарот за развој на животни вештини „Бреинобреин“ при Црвен крст Охрид, одбележува пет години успешно функционирање.
Петгодишниот јубилеј центарот „Бреинобреин“ ќе го одбележи со пригодна свеченост што ќе се одржи денеска во поранешниот дом во с. Велестово.
„Бреинобреин“Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.
OhridNews