Македонскиот претставник во Конференциската лига Струга Трим Лум ќе го очекува полн стадион на утрешниот реванш против исландски Бреидаблик во клучниот натпревар за пласман во групната фаза.
Исландскиот шампион објави дека распродадени се сите билети за натпреварот против македонскиот првак кој е закажан за в четврток од 18:45 часот во Копавогур на стадионот „Копавогсволур“ со капацитет од 3.009 седишта.
Струга денеска допатува во Исланд каде реваншот ќе го почне со резултатска негатива по поразот минатиот четврток во Охрид од 0-1, а на реваншот ќе биде ослабен без суспендираните Радески и Згуро.
Поуспешниот од овој дуел ќе обезбеди пласман во групната фаза во Конференциската лига за која жрепката е закажана за в петок.
OhridNews
фото. ФК Струга