Брегот на Слонова коска со победа стартуваше на африканското фудбалско првенство, откако домаќинот на турнирот забележа синоќа победа во Абиџан над Гвинеја Бисао со 2-0.
Фудбалерите на Брегот на Слонова коска многумина ги сметаат за едни од фаворитите на африканскиот Куп на нации, заедно со бранителот на титулата Сенегал.
Секо Фофана го доведе домаќинот на африканското првенство во водство во 4 минута, а победата над Гвинеја Бисао ја потврди Жан – Филип Красо во 58 минута.
Финалето е на програмата на 11 февруари, а победникот на африканскиот Куп на нации ќе инкасира рекордни 6.4 милиони долари, што е за 40 отсто повеќе од наградатa која ја освои Сенегал на минатото првенство.
OhridNews
Фото: МИА/Фејсбук