Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот Куп откако вечерва со пресврт во финалето го совладаа фаворитот Нигерија со 2:1.
Нигерија поведе во 38 минута со голот на капитенот Еконг. Домаќинот на шампионатот, Брегот на Слонова Коска, носен на крилата на публиката во Абиџан, најпрвин израмни преку Кеси во 62 минута, а пресвртот го комплетираше Алер во 81 минута.
Брегот на Слоновата Коска стигна до својата трета титула во петтото финале, со што се израмни со вечерашниот ривал Нигерија.
Титулата на Брегот на Слоновата Коска добива на тежина со оглед на фактот дека домаќинот среќно ја минаа групата благодарение на резултатите од другите репрезентации во последното коло, променија селектор по високиот пораз од 4:0 од Екваторијална Гвинеја, се враќаа од безизлезна ситуација со играч помалку против Мали во 94 и 121 минута и, конечно, направи пресврт во финалето и сосема заслужено се искачи на врвот од Африка.
Г.М.