Дефанзивците Дејан Лескароски и Сашо Ѓорески и фудбалерот за врска Александар Далчески ги разрешија дилемите околу продолжување на кариерата откако потпишаа договор за соработка со тимот на Брегалница.
Штипските сини на големо играчки се екипираат за сезоната која следува во Првата македонска фудбалска лига. Со зајакнувањето на Брегалница, враќањето на Пелистер и Победа се очекува фудбалска елита да добие нов лик.
За левиот бек Ѓорески ова е враќање во Брегалница откако неколку сезони мина таму пред да се пресели во Младост Царев Двор кој по само една сезона испадна од Првата лига.
Брегалница, пак, ќе биде ново искуство за Лескароски и Далчески кои минатата сезона го носеа дресот на Металург односно Младост Царев Двор.
OhridNews