Холивудскиот актер Бредли Купер наводно бил во врска со Зое Салдана, која во филмот „Аватар“ ја толкувала главната женска улога. Како што открил извор близок на актерот, тие двајца веќе живееле заедно, но ја криеле љубовта од медиумите. Зое се вселила во станот на Бредли Купер пред неколку месеци.

Еден од папараците кои редовно дежураат пред нивниот дом изјавил дека тие двајца правеле се што е во нивна моќ како би ја сокриле врската. Никогаш не оделе во ист автомобил и никогаш не се појавувале заедно во јавноста. Според него биле одличен пар и не му било јасно зошто се кријат. Бредли претходно бил во врска со Рене Зелвегер, а имало гласини и за наводна романса со Џенифер Лопез.