Згодниот Бредли Купер, ѕвездата на филмот „Мамурлук“, играл и во една од епизодите на популарната серија „Сексот и градот“, кога морал да ја бакне легендарната Кели Бредшо, која ја играла актерката Сара Џесика Паркер. Како што вели, тоа бил кошмар за него.
Бил многу нервозен и пред да почнат со снимањето на сцените му пришол некој човек и му рекол дека Сара не сака француски бакнеж и да внимава со јазикот. Потоа се појавила Сара и започнала да го бакнува. Додал дека и покрај тоа Сара била одлична акерка за соработка.