Најпосакуваниот ерген на светот Бредли Купер повторно е сам. Иако се мислело дека ќе се венча со актерката Зое Салдан, Купер ја прекина врската со неа. По само три месеци, врската била прекината, а нивните пријатели го правдаат раскинувањето велејќи дека парот само се шегувал и дека никогаш не помислувале да градат сериозен однос.
Бредли и Зое се вљубиле за време на снимањето на трилерот “Words”, а прв пат заедно биле видени за прославата за Нова година кога страсно се бакнувале. Актерката тогаш сеуште била верена за продуцентот Кеит Бритон.