Папараците ги уловиле Бредли Купер и Суки Вотерхаус на концертот на Џастин Тимберлејк како разменуваат бакнежи. На 39-годишниот актер и 22-годишната манекенка ниту малку не им смета разликата во години, а заедно се појавиле и минатиот викенд на доделувањето на наградите на Американското здружение на филмски актери.
Најсекси актерот во Холивуд и 18 години помладата манекенка се запознале минатата година, откога и трае нивната романса. Инаку, Бредли е познат по улогите во филмовите „Мамурлук“, „Silver Linings Playbook“, а имаме можност и да го видиме во најновото филмско остварување „American Hustle“ во кое повторно глуми со Џенифер Лоренс. Младата манекенка, од друга страна, е доста позната во светот на модата, а на пошироката јавност покрај пријателството со контраверзната Ријана.