Популарниот актер Бредли Купер, кој бил прогласен за најсекси маж на годината од страна на списанието „Пипл“, потврдил дека ќе биде снимено уште едно продолжение од комедијата „Hangover“. Филмот „Hangover“ бил снимен во 2009 година, а дејството на филмот се случувало во Лас Вегас.

Во комедијата покрај Бредли Купер настапувале уште и Ед Хелмс, Зек Галифианакис и Џастин Барта, а оваа година имавме можност да го видиме и продолжението „Hangover 2“, чие дејство се одвива во Бангкок. Купер изјавил дека „Hangover 3“ ќе почне да се снима следната година во септември. Тод Филипс веќе работел на сценариото, а дејството на овој филм би требало да се одвива во Лос Анџелес.