Бредли Купер, кој неодамна е прогласен за најсексипилен маж во Холивуд, открива дека бил на љубовна терапија, но не поради љубовна криза, туку затоа што сметал дека тоа ќе му помогне да созрее како личност.

-Не се работи за криза, но терапијата беше фантастична, изјавил Купер кој од неодамна е во врска со Зои Салдан, ѕвездата од “Аватар“.
Актерот открива и дека за улогата во филмот “The A-Team” морал да биде на строга диета и посебен режим на вежбање. Крајниот резултат бил одличен, но Купер вели дека поради изгледот не би сакал таков ригорозен начин на живот.