Списанието „Пипл“ ја прогласило ѕвездата на филмот „Мамурлук“, Бредли Купер, за најсексипилен маж на светот. Холивудскиот заводник кој две години бил во врска со Рене Зелвегер, по повод добивањето на престижната титула изјавил дека најсреќна ќе биде неговата мајка Глорија.


Изјавил дека било супер тоа што човек како него, кој не изгледа како модел, може да освои таква титула. Актерот, кој неодамна признал дека многу му се допаѓа Џенифер Лопез, изјавил дека мисли оти не изгледа толку убаво. Додал дека изгледал сосема пристојно. Понекогаш умеел да изгледа одлично, а понекогаш ужасно.