Американскиот режисер Џеј Џеј Абрамс веќе започнал да ја собира екипата со која ќе го реализира биографскиот филм за контраверзниот велосипедист Ленс Армстронг, а главната улога најверојатно ќе му биде доделена на Бредли Купер.
Како што пренеле медиумите, актерот самиот се заинтересирал за улогата, па му се понудил на режисерот на кој му се допаднала идејата токму Купер да го пренесе ликот на славниот велосипедист на големото платно.