Режисерот Вуди Ален неодамна изјавил дека би сакал да соработува со Бредли Купер и Кејт Бланшет. Ален, кој освоил Оскар за надобро оригинално сценарио претходно оваа година за филмот „Полноќ во Париз“, сметал дека Бредли Купер и Кејт Бланшет би биле совршени за филмот кој најверојатно ќе биде сниман во Копенхаген.

Од студиото „Сони“ неодамна било соопштено дека најновиот филм на овој режисер, со наслов „To Rome With Love“ , во кој играат Алек Болдвин, Елен Пејџ, Пенелопе Круз и Роберто Бенини, ќе се најде во кината од 22 јуни.