Актерот Бредли Купер им открил на медиумите дека е пресреќен што успеал да се реши од својот најголем порок, алкохолот. Раскажал дека имал лошо искуство со алкохолот кое за малку не го убило. Поради тоа бил среќен што успеал да се ослободи од порокот кој го мачел подолго време.

Бредли смета дека повеќе не би бил меѓу живите доколку не престанел да пие. Признал и дека извесен временски период одел на терапија која му помогнала да се одвикне од алкохолот, но и да стане подобар во меѓучовечките односи.