Актерот Бредли Купер неодамна изјавил дека како млад бил љубоморен на својот колега и добар пријател Леонардо ди Каприо. Купер се присетил дека работел како портир во еден хотел додека не завршил училиште. Се сеќавал дека Леонардо го водел во неговата соба и дека бил во лифт со него и со уште некои негови пријатели. Тоа било во времето на филмот „Титаник“.

Ѕвездата на филмовите „Ден на вљубените“, „Ти просто не го интересираш“, додал дека тогаш ди Каприо потсетувал на дете иако се речиси на иста возраст, и дека се почуствувал како да се од различни светови поради што бил љубоморен на него.