Верувале или не, Бред Пит, кој на почетокот на годинава отворено признал дека некогаш конзумирал марихуана, тврди дека не зема никакви опијати, но смета дека не би му претставувало проблем да најде нешто во рок од 24 часа. Тој рекол дека неговите денови на конзумирање на разни наркотици минале, но многу веројатно би можел во било кој град или држава да набави нешто што му треба.
Тој со овие зборови и се обратил на публиката на претставувањето на документарниот филм ‘The House I Live In’, кој се бави токму со темата опијати. Тој додал дека најтешко му било на крајот на деведесеттите, кога навистина конзумирал премногу наркотици. Се криел од останатите и си одел на нерви самиот на себе.