Проблемите на Анџелина Џоли и Бред Пит не престануваат. Бред моментално се наоѓа во Њу Јорк и времето не го поминува сам. Додека Анџелина е со децата во Лос Анџелес, актерот наводно се состанувал со поранешната сопруга Џенифер Анистон. Тој наводно и раскажал за проблемите кои ги има во врската и како Анџелина била многу бесна кога за прв пат во медиумите се појавиле шпекулациите за нивните средби.
Џенифер не прифаќала да се сретнат, но тогаш прсти вмешала мајката на Бред Џејн. Ја наговорила Џенифер да се најде со Бред и да го посоветува. Иако Анџелина се труди да ја спаси врската се зборува дека Бред размислува за преселба во Берлин за да биде што подалеку од неа и децата.