Познато е дека многу актери работеле најразлични работи пред да станат славни, но работата на Бред Пит е веројатно една од најчудните. Имено, пред да стане филмска ѕвезда, партнерот на Анџелина Џоли некое време заработувал на тој начин што возел стриптизети. Гостувајќи во емисијата “Inside the Actors Studio”, актерот рекол дека тоа била прилично интересна работа која ја добил благодарение на тоа што имал автомобил.

Рекол дека негова работа била да ја одвезе стриптизетата на закажаната забава. Тој исто така бил задолжен да пушта музика и да ја собира облеката на стриптизетите како не би ја украле луѓето од публиката. Рекол дека на крајот требало да ги собере парите и да се извлече жив, што не било секогаш толку лесно. Преку една стриптизета го запознал и својот иден инструктор по глума, Рој Лондон, кој подоцна му помогнал да се пробие во Холивуд.