Бред Пит е еден од најдобро стилизираните мажи на планетава. Но и нему му се случува да заврши каллив и гнасен. На фотографиите кои се појавија на Твитер профилмот на режисерот Дејвид Ајер го гледаме бред залижан, гнасен и каллив. Филмот “Fury”, кој го режира Ајер, а во кој Бред толкува една пд главните улоги, е само на средина од продукцијата, но едно веќе е сигурно, ќе има многу калливи мажи и тешка артилерија.
Додека воглавно сите се обидуваат содржината и фотографиите од снимањето на некој филм да не се појават во јавноста додека не биде готов, режисерот Ајер на својот профил поставил фотографии од снимањето на филмот чие дејство се одвива за време на Втората светска војна. Дејвид, кој е и сценарист на филмот, од 57 ден на снимањето па досега редовно поставува фотографии, на кои ни открива како филмските ѕвезди изгледаат после снимањето на некои од сцените.