Холивудскиот актер Бред Пит пристигнал уште пред неколку дена на Канскиот филмски фестивал како би го претставил новиот филм “Killing Them Softly”, и тоа без својата партнерка Анџелина Џоли. По прикажувањето на филмот Пит славел во машко друштво на забава одржана во вилата Сен Џорџ, каде поприлично се задржал.

Се забавувал во друштво на Реј Лиота и Крис Такер, а во еден момент им се придружил и раперот Пи Диди. Извор кој присуствувал на забавата изјавил дека бидејќи на Бред му се ближи венчавката, оваа софистицирана забава делувала како некој вид пред ергенска забава, која била зачинета со голем број шишиња виски Џони Вокер и пури.