Сеуште не се знае дали и кога ќе започне снимањето на 3Д верзијата на романот на Жил Верн „20 илјади милји под морето“, бидејќи студиото Дизни сака да размисли уште три месеци, но режисерот Дејвид Финчер веќе поставувал услови. Режисерот изјавил дека ќе бара во филмот да игра неговиот омилен актер Бред Пит. Сепак. тој не го гледал Пит во улогата на таинствениот капетан кој ги истражува морските длабочини, туку во улогата на канадскиот рибар Нед Ленд.
Популарниот актер сеуште не се изјаснил, но доколку проектот биде реализиран, тоа ќе биде четврти филм во кој ќе соработува со Финчер. Претходно заедно работеле на филмовите „Седум“, „Чудесниот случај на Бенџамин Батон“, и „Боречки клуб“. Во меѓувреме Финчер припрема пилот епизода за новата серија “House of Cards”, политички трилер кој ќе почне да се прикажува од февруари 2013 година, во која главната улога ќе ја има Кевин Спејси.