Бред Пит го славел успехот на својот филм, но без партнерката Анџелина Џоли. На Берлинскиот црвен тепих пристигнал со очила за сонце кои биле дизајнирани од Том Форд. Ги извадил за само едно фотографирање.


По премиерата не отишол на спиење, туку продолжил да се забавува во еден берлински ноќен клуб. Останал до два часот по полноќ, а во раката цело време имал пивско шише. На прашањето зошто Анџелина не е со него, тој одговорил дека во Берлин е само на кратко. На забавата се фотографирал со секоја девојка која ќе го побарала тоа од него.