Бред Пит добил улога во филмот “Fury”, кој раскажува за активностите на група американци пред крајот на Втората светска војна. Како би бил што поуверлив во својата улога, актерот ќе мора да научи да вози тенк, а веќе и ги одржал првите часови.

Тој ќе глуми американски војник кој управува со тенк во рамките на една тајна мисија. Затоа продуцентите веќе организирале обука во ГЕрманија за него и за уште неколку актери. Актерите пред почетокот на снимањето ќе престојуваат во кампови каде освен возењето тенк ќе мораат да минат и низ напорна физичка припрема.