Бред Пит во понеделникот пред премиерата на филмот во кој се појавува како еден од продуцентите, делел автограми на обожавателите во Лондон. Со него не била Анџелина Џоли која моментално во Италија снима филм со Џони Деп. На црвениот тепих се појавил заедно со Николас Кејџ и неговата ќерка Клое Морец која глуми во филмот.


По премиерата Бред Пит отишол на забава во приватна резиденција во Нотингем. На забавата присуствувале уште и Џејсон Флеминг, Клаудија Шифер, Џејн Голдман и многу други славни личности.