Холивудскиот актер Бред Пит се ставил самиот себе на продажба на сајтот за онлајн лицитација eBay, како би собрал пари за хуманитарни цели. Купувачот кој ќе даде најдобра понуда ќе може да се запознае со популарниот актер и со него да мине некое време во разговор. Средбата ќе биде организирана во Луизијана, бидејќи Пит има намера сите собрани пари да ги подари на Њу Орлеанс, кој во 2005 година бил разорен во налетите на ураганот Катрина.


Актерот сакал да му помогне на здружението “Make it Right”, кое гради куќи за сите оние кои ги изгубиле во природната катастрофа која го зафатила нивниот град. Најдарежливата личност ќе може да се ракува со актерот, со него да разговара и да мине два дена во хотелот Хајат со лице по свој избор. За жал, на сиромавите обожаватели на актерот им останува само да воздивнат и да ја следат аукцијата чија почетна цена е 10 илјади евра.