Актерот Бред Пит изјавил дека би сакал да има уште деца, пренеле медиумите. Иако веќе имал шест деца, и тоа Медокс(10), Пакс(7), Захара(6), Шајло(5) и близнаците Нокс и Вивиен, кои имаат по три години, Пит рекол дека сака сеуште да го проширува своето семејство.
Тој истакнал дека родителството е најголемата и најважната работа во неговиот живот и не гледал причина зошто да сопре. Тој исто така изјавил дека неговата партнерка Анџелина Џоли, со која е шест години во врска, е сјајна жена и добра мајка на своите деца, додавајќи де е многу задоволен со својот живот затоа што носел вистински одлуки, затоа што ја пронашол жената која ја сака и бидејќи со неа изградил семејство кое многу го сака.