Славниот актер Бред Пит одлучи посериозно да заплови во продуцентските води, и, отако ја запостави глумата, се фрли на неколку проекти. Луѓе од неговото блиско окружување тврдат дека е максимално фокусиран на продукцијата, и дека многу сака да работи со Кара Делавињ, која ги напушти манекенските води и сака да се посвети на глумата.
Бред толку сака да работи со неа, што веќе и ги понуди сите контакти на најдобрите учители по глума во Холивуд. Актерот има сопствена продукциска куќа, “Plan B Entertainment”, а го освои и својот единствен Оскар како продуцент за филмот „12 години ропство“, а не како актер. Засега не е познато како Анџелина реагира на оваа одлука на сопругот.