Познатиот актер Бред Пит го прославил својот 48 роденден во кругот на семејството. Тој заедно со Анџелина Џоли и нивните шест деца во неделата билe во Лас Вегас на претставата “The Immortal World Tour”, која циркусот “Cirque du Solei” ја посветил на покојниот Мајкл Џексон.
Холивудскиот пар со децата седел во првиот ред и сите одлично се забавувале, според изјавите на очевидците. После претставата, семејството прошетало до хотелот “Four season” каде што биле сместени.