Холивудскиот актер Бред пит станал заштитно лице на парфемот „Шанел 5“ и оваа седмица би требало да сними реклама во Лондон. Ова е прв пат во кампања за популарниот парфем да се појави машко. По Никол Кидман, Одри Тату и Кетрин Денев, кои биле заштитни лица за парфемот „Шанел 5“, првото машко кое ја добило таа чест станал Бред Пит.
За сега не е познато колку популарниот актер ќе заработи со овој договор, но како што пренеле медиумите станува збор за сума од седум цифри.