Бред Пит пристигнал на канскиот филмски фестивал каде го претставува својот нов филм “Killing Them Softly”. Изгледа дека популарниот актер со годините изгледа се подобро и помладо. На фестивалот пристигнал без Анџелина Џоли. Друштво му правел режисерот на филмот “Killing Them Softly”, Ендрју Доминик. Во ова остварување Бред глуми истражител на специјалната единица кој се обидува да ја разреши мистеријата околу крвавиот судир настанат на една покер партија во која учествувале неколку мафијаши.
И додека Барак Обама држи говори на кои зборува на новата Америка, Бред рекол дека Америка не е земја туку бизнис. За разлика од претходните години кога на фестивалите се појавувал со долга брада, Бред во Кан пристигнал во нешто поблага верзија и со долга коса. Го дочекале стотина фотографи и исто толку обожаватели. Во филмот “Killing Them Softly” покрај него играат и Џејмс Гандолфини и Реј Лиота.