Неодамна почна да се зборува дека Бред Пит и Анџелина Џоли наскоро ќе ја прекинат својата петгодишна врска. Сега се појавија информации дека актерот сака повторно да биде со Џенифер Анистон, бидејќи во врската со неа му било многу позабавно отколку сега.
Тој бара спокојство и забава кои му биле дел од животот додека бил во брак со Анистон. Еден негов пријател изјавил дека не може да дочека тие повторно да бидат заедно. Истиот извор тврди дека Анистон не сака да има ништо со него додека тој не ја прекине врската со Анџлина Џоли.