Бред Пит потврдил дека наскоро ќе се венча со Анџелина Џоли и рекол дека e изненадувачки тоа што што повеќе стареел, венчавката му станувала се поважна. Парот се верил во април оваа година, а Пит веќе подолго време криел кога точно ќе биде свадбата. Меѓутоа, за време на премиерата на филмот “Killing Them Softly” во Њујорк отворено разговарал со новинарите за плановите за свдбата.
Рекол дека децата му вршат голем притисок и сакал тоа да се случи што поскоро. Чувствувал дека дошло вистинското време за тоа. Додал дека имаат семејство, одгледале деца, и дека после сето тоа бракот станал многу важен за него. Романсата помеѓу него и Анџелина започнала на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com