Холивудскиот актер Бред Пит, според пишувањата на светските медиуми, потполно полудел по младата актерка Џенифер Лоренс. Американските медиуми пишуваат дека Бред ја видел 22-годишната актерка на предпремиерата на филмот „Игри на гладта“ и останал восхитен. Наводно и испраќал СМС пораки и барал проект на кој би работеле заедно.
Еден извор изјавил дека Пит постојано зборувал дека Џенифер е убава и талентирана. Се разбира, Анџелина Џоли со тоа не била воодушевена. Истиот извор објаснил дека му рекла да почне да се однесува во склад со своите години и да престане да се лигави по девојка која би можела да му биде ќерка.