Холивудскиот срцекршач, татко на шест деца, посилната половина на најславниот пар на планетава, хуманитарец, продуцент, производител на вино, дизајнер на мебел, колекционер на мотори и заштитно лице на женскиот парфем „Шанел 5“, Бред Пит, вчера наполни 50 години.

На прашањето како се чувствува со 50 години, Бред со насмевка рекол дека не размислува премногу за тоа. Рекол дека не знае и дека допрва ќе види, бидејќи сега бил многу зафатен и немал време да размислува за тоа.